МОДОМ избра ново раководство

Од:

На Генералното собрание на Младинската организација на Демократска обнова на Македонија, кое се одржа овој викенд во Скопје, делегатите од општинските организации на МОДОМ избраа ново раководство.

За претседател беше избран Бојан Петровски, советник од Ѓорче Петров, за потпретседатели Ивана Здравеска, советничка од Аеродром и Кристијан Балески граѓански активист од Валандово.

За Генерален секретар Мартин Каровски. За организационен секретар Александар Христу Каневче.

МОДОМ и понатаму ќе се залага за младинско застапување, активни младински политики, еднакви права и можности, социјална правда и заштита и права на маргинализираните групи. Заштитата на животната средина и соработката со Европските зелени остануваат во фокус на активностите на новото раководство.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов