Модернизација на водоводниот систем во Скопје

Од:

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје во насока на квалитетно управување, одржување и модернизација на системот за водоснабдување од почетокот на 2013 година изврши реконструкција во електро-машинскиот домен на препумпните станици Инџиково, Ново Село, Гази Баба и Горна Матка, како и во хидрофорот во селото Кондово.

Реконструкцијата, како што информира компанијата, опфати поставување нова опрема за автоматско управување со помош на фреквентни регулатори и софтстартери кои се од марката Сименс и Данфосс. Воедно во Препумпната станица Гази Баба се поставени и четири нови пумпи.

Со автоматизацијата целосно е решен проблемот со променливиот притисок на вода односно корисниците од населените места Ново Село, Стопански двор и Кондово ќе добијат подобро и поквалитетно водоснабдување.

– Водовод и канализација – Скопје и понатаму ќе инвестира во проекти со кои ќе се модернизира целокупниот процес на водоснабдување. Инвестицијата е целосно исплатлива бидејќи овозможува контрола на сите параметри, заштеда на електрична енергија и сведување на минимум на дефектите на моторите и пумпите од електричен и механички аспект, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“  Скопје.

Би можело да ве интересира

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовска: Фатен нов див приклучок на вода во Сарај, си наводнувал пластеници

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он