Мобилните оператори нема да имаат обврска да му обезбедат на МВР технички услови за прислушување

Од:

Измените на Законот за електронските комуникации кои се ставени на увид на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), предвидуваат бришење на спорниот член 175 од Законот за електронски комуникации. Тој член ги обврзуваше операторите да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи, согласно со Законот за следење на комуникациите.

Според постојното законско решение за кое беше иницијатива до Уставниот суд, операторите се должни на сопствен трошок да обезбедат и одржуваат опрема, соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникации, со цел да се овозможи следењето на комуникациите во нивната мрежа.

Во образложението пишува дека со предложениот закон се реализираат препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите. Овие законски измени се засноваат врз начелото за заштита на моралниот интегритет и почитувањето на човековите слободи и права. Одредбите од овој закон ќе се применуваат со одложено дејство, најдоцна до 1 ноември 2018 година.

В. М.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР