Пред зградата на Општина Кочани денеска министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска официјално ќе ја најават новата услуга – Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги.
Целта на сервисот е да се приближи здравствената и социјалната грижа поблиску до домовите на граѓаните, да се подобри пристапотот до квалитетот на здравствените услуги, а со тоа да се придонесе кон подобрување на здравјето на граѓаните.
На настанот, ќе присуствуваат и постојаната координаторка на ОН Луиза Винтон, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илиев и претставник од мобилниот сервис.