Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Од:

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, кои претставуваат ризик по здравјето на граѓаните.

Како што стои во соопштението на Царинската управа, сторителот е македонски државјанин од Гостивар и против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.

– Делото е откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија, стои во соопштението.

Употребата на нелегални пиротехнички средства, додаваат, претставува сериозна закана по безбедноста и здравјето на граѓаните, особено за најмладите. Царинската управа, велат, и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Петардите повредија седум момчиња од Ниш, дел имаат сериозни повреди на рацете, а некои трајно останаа без прсти

Горан Наумовски

Тошковски најавува заострување на казните за пиротехнички средства

Пет деца и двајца возрасни се хоспитализирани поради посериозни повреди на прстите, кај дел од нив беше извршена ампутација

Горан Наумовски

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Полицијата заплени над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

Горан Наумовски