МО очекува поповолни понуди од банките за проектот „АРМ мој вистински дом“

Од:

Заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриев при денешната посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип најави дека за една недела се очекуваат поповолни понуди за изградба и кредитирање на становите кои ќе се градат за припадниците на АРМ во скопската општина Карпош.

– Пред една недела имавме состанок со банките, кои што треба да бидат кредитори на проектот „АРМ мој вистински дом“. Целта на оваа средба беше да ги ажурираме понудите кои што ги имат доставено до министерството пред околу година ипол, бидејќи одредени придвижувања во тој дел одат во насока на се поатрактивни понуди од банките. Значи помали камати, подолг рок на отплата, ги замоливме банките да ја видат можноста дали можат да дадат нови понуди со услови кои што се по прифатливи за нашите припадници, изјави Димитриев.

Тој нагласи дека  банките изразиле подготвеност да дадат поповолни услови и се очекува во рок од една недела да се добијат новите понуди.

Димитриев информира дека МО веќе го добило корисничкото право за користење на локацијата во „Карпош“, каде што ќе се градат становите, а во меѓувреме во тек е проектирање на становите, по што следи добивање одобрение и почеток на изградба на становите за припадниците на АРМ.

Прашан кога се очекува почеток на изградбата на воените станови во Карпош, Димитриев посочувајќи оти многу институции се вклучени во овој проект, изрази очеквуање од наредната градежна сезона во 2014 година да се отпочне со изградбата на становите за вработените во АРМ.

Заменик-министерот за одбрана Димитриев посочи дека 515 припадници на АРМ се изјасниле за изградбата на становите во рамки на проектот „АРМ мој вистински дом“. Тој најави повторно анкети во сите гарнизони во земајава, бидејќи овој проект, како што вели, тој ќе биде континуиран.

– Значи тој не завршува со една анкета на одреден период ние ќе правиме постојано анкети, бидејќи имаме приливи на нови луѓе во Армијата, луѓето кои претходно се изјаснија можеби од различни причини го промениле своето мислење. Доколку има интерес за градење минимум една зграда, значи тоа ни е минимумот со кој не можете да влезете во оваа фаза на градење на станови. Ние сме расположени да почнеме фаза на градење и овде во Штип и во другите гарнизони, значи ова се однесува генерално за сите гарнизони, рече Димитриев.

Тој истакна дека доколку во анкетите во еден гарнизон во земјава позитивно се изјаснат над 30 припадници, во тој случај во тој град може да се гради една станбена зграда во рамките на проектот „АРМ мој вистински дом“.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on