Лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, во текот на денешниот ден ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, соопшти Министерството за одбрна.
Ова следува откако тие вчера бурно реагираа на условите во Пепелиште, односно лошата хигиена. Штом биде завршен нивниот медицински преглед, тие ќе бидат однесени во новиот карантин.
– Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени, се истакнува во соопштението.