Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, во сите амбасади и мисии во странство знамињата се спуштени на половина копје.
Знамињата ќе бидат на половина копје додека траат деновите на жалост.
МНР информира и дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамки на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.