А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР: Успешно вратени 160 македонски граѓани затекнати во Белгија и Франција

by А1он10/04/2020 - 16:38580
Share0

Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на вкупно 160 македонски граѓани од Брисел и Париз (Бове).

Добивај вести на вибер

Ова е досега 11-ти специјален лет откако на 22 март Министерството за надворешни работи го организираше првиот чартер лет (Валета, Малта) за враќање во земјата на граѓаните затекнати во странство поради пандемијата на COVID-19.

До овој момент, вкупниот број на репатрирани македонски граѓани во организација на МНР, а во тесна соработка со Генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, изнесува 2704.

Од нив 1745 се вратиле со специјалните чартер летови на авиопревозникот Визер, а 214 со хуманитарни конвои, додека пак на 526 граѓани (најчесто затекнати на други континенти), во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва им беше обезбедено непречено  да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана.

„Упатуваме благодарност за солидарноста и соработката до сите земји кои им помогнале на нашите граѓани, вклучително и на Владата на Република Бугарија за вечерашниот лет од Абу Даби до Софија, на кој се наоѓаат и 35 македонски граѓани. Во тој контекст, на летот кон Белгија и Франција, во соработка со амбасадите на овие земји во Северна Македонија, денес помогнавме исто така на 71 странски државјани да се вратат во своите земји“, велат од МНР.

koronavirus mkdmnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто