МНР: Тројцата Македонци кои загинаа во Италија се на возраст од 33, 31 и 30 години

Од:

Македонските државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Ница Ноферато, во регионот Пиемонт во Италија, се на возраст од 31, 33 и 30 години, а потекнуваат од источниот дел на Македонија.

„Информираме дека синоќа, во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Северна Македонија.

Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко“, соопшти МНР.

Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.

„Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата“, рекоа од МНР.

На располагање се дежурните телефони на:
– Генералниот конзулат во Венеција +39 327 935 1698,
– Амбасадата во Рим +39 351 336 3919
– како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732.

Би можело да ве интересира

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

Скриен арсенал муниција и гранати откриен покрај локален пат кај Гостивар