МНР: Според првичните информации, не е најдена трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка

Од:

Министерството за надворешни работи излезе со соопштение за наводите што ги објавија дел од медиумите, според кои во пратка означена како дипломатска пошта на Министерството, во камиони се носеле и шверцувале цигари и пијалоци.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на МНР во целост:

„Изминативе неколку дена во јавноста се појавија информации од повеќе места за наводна злоупотреба на дипломатска пратка. Дозволете да информираме дека во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока на нашите служби да ја прегледаат целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите наводи.

Според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба.

Дополнително, дадена е насока и во рамките на нашите дипломатско конзуларните претставништва за проверка на сите добиени информации за евентуални случаи со приведени наши граѓани, кои би можеле да бидат слични со пласираните наводи. Засега и од нашите претставништва не е добиена информација за евентуален сличен случај, кој би можел да соодветствува со наводите.

Иако нема потврда за постоење на ваков случај, Министерството има политика на нулта толеранција за злоупотреба или евентуално фалсификување на дипломатски документи или документи на институцијата, и оттука, Министерството за надворешни работи во следниот период ќе продолжи со темелни проверки на појавените наводи и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста“.

Би можело да ве интересира

Мајка со две деца од Македонија евакуирани од Газа

Забраната на македонското знаме на „Австралија Опен“ било ненамерен пропуст, МНР испратило реакција

Бугарија не направи доволно за да ги спречи радикалните структури да дојдат на Деве Баир реагира МНР

Катерина Ѓуровски

МНР: Декларацијата на бугарското Собрание не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи

Македонка е полесно повредена во турканиците кои настанале по експлозијата во Истанбул

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бесмира Ејупи може не стана генерален конзул во Њујорк, ама затоа доби вработување во МНР