МНР: Според првичните информации, не е најдена трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка

Од:

Министерството за надворешни работи излезе со соопштение за наводите што ги објавија дел од медиумите, според кои во пратка означена како дипломатска пошта на Министерството, во камиони се носеле и шверцувале цигари и пијалоци.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на МНР во целост:

„Изминативе неколку дена во јавноста се појавија информации од повеќе места за наводна злоупотреба на дипломатска пратка. Дозволете да информираме дека во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока на нашите служби да ја прегледаат целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите наводи.

Според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба.

Дополнително, дадена е насока и во рамките на нашите дипломатско конзуларните претставништва за проверка на сите добиени информации за евентуални случаи со приведени наши граѓани, кои би можеле да бидат слични со пласираните наводи. Засега и од нашите претставништва не е добиена информација за евентуален сличен случај, кој би можел да соодветствува со наводите.

Иако нема потврда за постоење на ваков случај, Министерството има политика на нулта толеранција за злоупотреба или евентуално фалсификување на дипломатски документи или документи на институцијата, и оттука, Министерството за надворешни работи во следниот период ќе продолжи со темелни проверки на појавените наводи и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста“.

Би можело да ве интересира

Повлечен дипломатсиот пасош на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Катерина Ѓуровски

Да не се патува во Израел, Либан и Иран повика Министерството за надворешни

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието, велат извори во МНР

МНР за случајот со косовската претседателка: Ќе бидат преземени сите потребни мерки за во иднина да се избегнат слични ситуации

Патувањето на синот на премиерот во Вашингтон во фокусот, МНР вели не бил на сметка на државата