МНР со конректни активности за решавање на проблемот со блокадата на границата со Грција

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија во изминатите денови презеде конкретни активности во насока на надминување на проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница.

Како што информират од МНР, упатена е протестна нота до грчкото Министерство за надворешни работи во која се бара да биде решен проблемот во најбрз можен рок.

Писмо, како што додаваат оттаму, е упатено и до Европската комосија во кое, МНР потенцира дека со тековната блокада на граничниот премин се крши Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ која ја има потпишано и Грција и гарантира слобода на движење на стоки и луѓе.

Истовремено, Министерството за надворешни работи од Албанија побарало понуда за условите за користење на пристаништето во Драч со цел непречен извоз и увоз и задоволување на потребите на македонските компании.

Граничниот премин Евзони, на македонско – грчката граница е блокиран од страна на грчките земјоделците од 30- ти минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Граничниот премин „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Граничните премини „Евзони“ и „Ники“ и денеска затворени на неколку часа

Утрово без проблеми на Евзони – Богородица, сообраќајот е нормализиран

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на Евзони-Богородица