МНР: Нема повредени и загрозени македонски граѓани во поплавите во Грција

Од:

Во вчерашното невреме и поплави што ја зафатија северниот дел на Грција, и особено вториот крак на Халкидики – Ситонија, нема загрозени и повредени македонски граѓани, ниту пак пријавени исчезнати лица, соопшти Министерството за надворешни работи повикувајќи се на информации од грчките власти.

Од Министерството информираат дека уште во текот на вчерашниот ден биле преземени мерки да им се дадат информации помош и поддршка на македонските граѓани затекнати во поплавените подрачја.

Отворени се телефонски линии во соработка со македонската Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи во Солун, кои се уште се достапни за помош и информации и на кои досега се јавиле десет граѓани. Во МНР, пак, досега се јавиле три лица, главно родители кои барале известување за состојбата на нивните деца и роднини кои се на летување во Грција, како и барања за совет за нивните паркирани и поплавени патнички возила.

– Исто така, Канцеларија во Солун доби барање за информација (по е-меил) за состојбата на македонски државјани во кампот Каламици, по што вечерта на 17 јули како и денес, беше контактирана управата на кампот, при што беше потврдено дека ниту еден човечки живот не е загрозен. Во моментов, во кампот има електрично напојување, се прават напори да се добие и топла вода, додека патот е прооден. Паралелно, колегите од Канцеларијата во Солун стапија во контакт со наши државјани во кампот и ги инфомираа за состојбите, се вели во денешното соопштение од МНР.

Оттаму велат дека Министерството и натаму ги следи состојбите во Грција преку Канцеларијата во Солун, кои, како што велат, се во постојана комуникација со надлежните грчки власти.

– Инфомираме дека во моментов се прават напори да се санираат штетите и да се испумпа водата во Торони и Порто Куфо, како места кои беа најсилно погодени од невремето. Иинфомираме дека грчките власти немаат евидентирано македонски државјани кои се повредени, исчезнати или се во опасност заради поплавите, значи според инфомациите од грчките власти македонските државјани се безбедни, се посочува во соопштението.

Интензивните врнежи што вчера ја погодија северна Грција, особено вториот крак – Ситонија предизвикаа поплавување и неможност за движење на патиштата, пред се на патот Лариса-Кожани, како и поголеми проблеми во туристичките места на вториот крак (Торони, Порто Куфо и Тристиника), каде беа поплавени паркирани возила и заглавени туристи, во близина на плажата Торони.

Од МНР информираат и дека по добиените инфомации за заглавени туристи, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи на Република Македонија во Солун веднаш стапила во контакт со грчката пожарникарска служба и туристичката полиција, од каде било потврдено дека се работи за група српски туристи кои се евакуираат.

Би можело да ве интересира

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

А1он

Мицотакис: Европската перспектива на Балканот не смее да се одложува

Атина предупредува: Нема да толерираме ширење на војната во Украина кон Медитеранот