МНР ја потврди смртта на македонската дипломатка во мисијата на ОН

Од:

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

– Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата, соопштија од МНР.

Според последните информации станува збор за 39-годишната М.Б. Неофицијално, таа страдала од депресија.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.

Медиуми во Њујорк јавија дека дипломатката во мисијата на ОН била пронајдена мртва во својот стан на Менхетеан со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Според соопштението на полицијата, немало никакви знаци на насилство.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија