МНР ја испрати документацијата за реконструкцијата на „Борис Трајковски“ до Аникорупциска и до Обвинителството за гонење организиран криминал

Од:

Министерството за надворешни работи соопшти дека до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Скопје ја достави документацијата од целосната постапка за јавната набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ.

Министерството апелира до надлежните институции „да дадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста“.

– Повторуваме: нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ. Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач), Второрангирана – 120.668.981 ден., Треторангирана – 134.015.461 ден., Четврторангирана – 374.353.297 ден., се наведува во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Османи со „Граѓанско око“ ќе се бори против корупцијата во Чаир

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

ВЛЕН: Бујар Османи, 20 години лична кариера, 0 проекти за Чаир

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

ВРЕДИ: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари

А1он

ВРЕДИ: Бујар Османи, што криеш штом нема документи каде си потрошил над 120 милиони денари?

А1он