МНР: Избегнувајте патување во Украина

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, следејќи ги одблиску состојбите во и околу Украина, апелира до граѓаните на земјава:

Сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата; дополнително, сите наши државјани кои сега се наоѓаат во Украина, доколку имаат можност, во најскоро време да ја напуштат земјата.

Соодветно на претходните повици, граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

е-mail: [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

„Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Захарова: Странските трупи во Украина ќе бидат легитимна мета

Горан Наумовски

Зеленски: Војната во Украина може да заврши за време на претседателството на Кипар со Советот на ЕУ

Карлсон со остра оценка: САД се трансформираат во империја

„Гардијан“: Мирот станува приоритет за Украинците, Зеленски пред сериозни тестови

Марија Захарова: Украинското претседателство долго време е рај за неонацистите

Трамп не му верува на Путин: Украина не ја нападна резиденцијата на Путин