Многу слободни места во гимназиите во дебарско по првиот уписен рок

Од:

Во трите средни општински училишта, колку што функцонираат во Дебар, Центар Жупа и Ростуше, по првиот уписен рок, во прва година, непополнети останаа многу ученички места. Според управите на училиштата, од предвидените 544 пополнети се само 70 ученички места.

Во СОУ„Здравко Чочковски“, во Дебар, со Конкурсот на Министерството за образование и наука предвидена е квота од 340 ученички места, а се запишале само 45 ученици. Од нив 19 за настава на македонски и 26 за албански наставен јазик.

Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, има 117 слободни места за настава на македонски и 178 за албански наставен јазик, од нив 34 за паралелката со градежно геодетска насока.

Во гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше, предвидната квота за упис во прва годна е 102 ученика, сите со настава на македонски настевен јазик. Запишани се 20 ученици, што знаи слободни се 82 места.

Најслаб одѕив за упис е забележан во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде се запишани пет ученици, двајца за настава на македонски и тројца на турски наставен јазик. Во оваа средношколска установа за вториот уписен рок, за настава на македонски слободни се 32 места и 65 на турски наставен јазик.

Од управите наведуваат дека во согласност со ресорното министерството се очекува намалување на потребниот минимум поени за августовскиот уписен рок, кога се очекува поголем одѕив за упис на завршените основци.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион