МНД-Битола вклучени во националниот Совет за развој на граѓанскиот сектор

Од:

Македонско научно друштво – Битола директно, со свој претставник ќе учествува во работата на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор во кој членуваат 15 претставници од владините министерства и 16 претставници на граѓански организации.

На конституивната седница на Советот, што вчера се одржа во Владата на Република Македонија, тригодишен мандат доби универзитетската професорка Мимоза Богданоска Јовановска, член на МНД-Битола, избрана за секторот наука, образование и доживотно учење, посочи претседателот на МНД-Битола, Марјан Танушевски и тоа се случува првпат во историја на МНД-Битола да има можност директно да влијае, да ги креира јавните политики поврзани со граѓанскиот сектор и да придонесува за силен инклузивен дијалог со јавните власти.

Изборот на претставникот на МНД-Битола го направија здруженијата на граѓани од цела држава по пат на гласање и врз основа на предложена програма за секторот наука, образование и доживотно учење.

– Нашата намера е да дадеме што повеќе предлози, информации и различни мислења до Владата на Република Македонија. Во секторот каде што сум избрана, односно за наука, образование и доживотно учење ќе понудиме вмрежување на граѓанските организации од областа каде што ние дејствуваме, да се фокусираме на актуелните проблеми и истите да ги решаваме. Во мандатниот период од три години ќе изработиме јасна платформа која ќе обезбеди поголема проактивност и развој на граѓанскиот сектор во државата. На овој начин уверени сме дека како МНД-Битола ќе дадеме директен придонес во евроинтегративните процеси, нагласи вонреден професор Мимоза Богданоска Јовановска, избран член на националниот Совет за соработка и развој на граѓанските организации.

Членовите на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор беа избрани со одлука на Владата на Република Македонија и со мандат од 3 години.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски