„Министерството за локална самоуправа до Владата на Република Македонија достави Информација во врска со мандатите на градоначалниците и на членовите на Советите, во која Министерството предлага Владата да достави барање до Собранието на Република Македонија за автентично толкување на два члена од Законот за локалната самоуправа. Конкретно, на членот 52 кој се однесува на извршувањето на функцијата градоначалник, како и на членот 77 кој се однесува на вршењето на работите на Советот.
Во Информацијата, Министерството за локална самоуправа укажува на важноста и на итноста од формално решавање на прашањето поврзано со статусот на мандатите на градоначалниците и на членовите на Советите заради обезбедување на функциите на единиците на локалната самоуправа и непрекинато испорачување на услугите кон граѓаните. Исто така Министерството укажува дека се доведува во прашање и постапувањето по поединечните, управни акти кои ги водат општините како изречно надлежни а од другата страна роковите течат согласно законот за Управната постапка“ се вели во соопштението на Министерството за локална самоуправа.