Младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ освои трето место на натпревар во Грција

Од:

Младинскиот камерен црковен хор „Св Кирил и Методиј“ од Велес го освои третото место во конкуренција на 20-тина хорови на Меѓународен хорски натпревар, што се одржа во Катерини, Грција.

Диригентот на хорот Веселинка Маџарова Андова денеска на прес-конференција рече дека на натпреварот настапиле со четири композиции од различен музички карактер. На натпреварот учествувале хористи од Естонија, Бугарија, Србија, Полска, Австрија, а победил хор до Русија.

Младинскиот камерен црковен хор „Св Кирил и Методиј“ од Велес брои 22 хористки од 11 до 20 година возраст и најчесто на репертоарот има духовни и световни композиции, а секоја недела настапува на литургиите од црквите во Велес. Хорот работи од 2012 година под патронство на Епархијата Повардарска и владиката Агатангел.

Владиката Агатангел денеска ги прими хористките и им честиташе за големиот успех.

– Овој хор е амбасадор на македонската духовна музика и македонското хорско пеење, а нивниот голем труд со оваа награда е вреднуван, потенцира владиката Повардарски Агатангел.

Хорот планира во 2016 година да учествуваат на меѓународниот хорски натпревар кој секој октомври се одржува во Русија.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите