Младински едукативен камп во Кочанско

Од:

Клубот на млади при Црвениот крст од Кочани во месноста „Кај дабот“ во село Бели, Кочанско го реализира младинскиот едукативен камп. Темите кои што се обработуваат на кампот се однесуваат на лидерство и тимска работа.

– Оваа година темата на кампот е „Лидерство и тимска работа“. Тимската работа е многу важна поради тоа што младите волонтери се органиизрани во клубови на млади во своите општински организации, па затоа тие мора да развиваат вештини за тимска работа со цел нивните клубови да бидат поуспешни во организирање на различни активности, рече Илија Матеничарски од Клубот на млади на Општинската организација Црвен крст од Кочани.

Учесниците на кампот се претставници од клубовите на млади од седум општински организации од исто толку градови од Македонија. Предавањата ги држат обучени врсници едукатори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат