Младината на ЛДП го осуди апсењето на девојката со канабис

Од:

„Либерално Демократската Младина најостро го осудува настанот во кој беше приведена девојката во Скопје после нејзиното уживање на канабисот. Сметаме дека основните човековите слободи и права мораат да се почитуваат и тие преставуваат камен темелник на едно здраво демократско општество за кое се бориме и сакаме да живееме.

Поминуваат веќе 21 година од кога ЛиДеМ неуморно се залага за имплементација на позитивните искуства во врска со канабисот од европските земји, како Холандија. ЛиДеМ се едни од основополножниците во напорите за легализација на канабисот за медицински цели уште од 2003 и 2004 година, 15 години неуморно се боревме за остварување нашите стратешки приоритети за кои гордо можеме да кажеме дека се исполнија. Како последна глава од ова поглавје и целосно остварување на нашите програмски и стратешки определби останува декриминализацијата на употребата на канабисот.

На девојката која вчера приведена сакаме да и искажеме поддршка во нејзината борба за остварување на нејзините човекови права и сакаме да и понудиме бесплатна правна помош.

Сметаме дека член 215 од Казнениот закон на РМ, каде што е регулирано неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и перкусори, треба да се дополни и измени во поглед на тоа да не ја регулира личната употреба односно истата да се декриминализира.

Мораме да се бориме за еднакво, слободно и демократско општество каде што основните човекови права и слободи ќе се почитуваат и секој граѓанин на Република Македонија ќе има право да живее слободно, еднакво и либерално согласно неговите сфаќање, определби и убедувања.

#Подршказамоника #Legalizeit #420“, се вели во соопштението на ЛиДеМ.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

Ана Ололовска

Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Младите се ЗА просперитетна иднина овде во Република Македонија

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Повеќе Канцеларии за млади, повеќе проекти, повеќе млади во Македонија

Наум Локоски

Моника Зајкова: Тажно е што кадрите на Груевски, се обидуваат да го „вадат од кал” својот поранешен лидер

Ана Ололовска

ЛиДеМ со поддршка сите лице слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

Наум Локоски