ВИДЕО: „Млади за Македонија“ на протест во Охрид, присутни воглавно возрасни граѓани

Од:

„Млади за Македонија“ застана зад уште еден протест, овој пат во Охрид, на кој присуствуваа мала група, воглавно повозрасни граѓани.

Тие ги упатија веќе познатите пораки за зачувување на името, државата и суверенитетот, а притоа го повторија ставот за геноцидот кој, велат, се врши врз македонскиот народ.

„Ќе застанеме на браникот на државата и нема да дозволиме промена на името“, порачаа организаторите, застанувајќи и во одбрана на Македонците кои живеат во Грција, за кои велат дека се оштетени и немаат никакви права да говорат отворено за своето потекло.

Според организаторите на протестот, разнебитувањето на Македонија започнало од моментот на објавувањето на албанската платформа.

Протестот се случуваше на денот на одбележувањето на 1000-годишнината од постоењето на Охидската артиепископија, во знак на поддршка на афтокефалноста на Македонската Православна Црква и против мешањето на други цркви кои се против постоењето на МПЦ, образложија организаторите.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите