Младата медицинска сестра што почина од корона не била вакцинирана, а се заразила на веселба

Од:

Медицинската сестра од Општата болница во Кичево почина како последица на коронавирусот се заразила на веселба, покажуваат епидемиолошките податоци, а потврдуваат од Министерството за здравство за „А1он“. Медицинската сестра не работела во ковид центарот, ниту пак, работела со ковид пациенти.

„Пациентката која почина не била вакцинирана и немала коморбидитети. На Клиниката за инфективни болести била донесена во многу тешка состојба, минатата недела, а претходно три дена била лекувана во болницата во Кичево, кога дошла во кичевската болница исто била во многу лоша состојба“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Голем процент, дури 87,1% или 3047 граѓани од позитивните на Ковид 19 кои се дијагностицирани минатата недела, не биле вакцинирани. Во период од една седмица на територија на државата починале 25 лица со Ковид-19, ниту еден од нив не бил вакциниран.

Досега во Кичево има 2882 заразени, од кои 266 се активни случаи на лица инфицирани со коронавирус. Само во последните 24 часа, Кичево регистрира нови 42 случаи со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски