Млада стружанка загина во сообраќајка на влезот од градот

Од:

Дваесет и четири годишна стружанка  синоќа го загуби животот кога во неа удри возило  на регионалниот пат Струга – Дебар.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, несреќата се случила во 21 часот во близина на влезот на Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило управувано од 27 годишнен жител на на струшкото село Лабуништа.

– Во несреќата на лице место почина Е.Ш. родена од 1989 од Струга. Врз неа директно удрило патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички управувано од О.Ш. роден 1986 година од Лабуништа, изјави Димоски.

Починатата, појасни Димовски  дека се движела покрај коловозот, односно на ивицата од коловозот на регионалниот пат.

Увид на местото извршиле истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа од полициската станица од Струга, при што констатирале дека причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од страна на загинатата и неприспособена брзина на возилото, со кое управувал возачот. По наредба на истражен судија денеска ќе биде извршена обдукција врз телото на почината.

По направениот увид изречена е мерка притвор за возачот.

Во текот на увидот сообраќајот бил пренасочен од регионалниот пат кон околните локални патишта, со цел да не се направи застој.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани