Млада девојка се фрли од зграда во Козле

Од:

Утринава околу 9 часот, се самоуби млада девојка. Девојката се фрли од една од шесте кули во скопската населба Козле. Таа се качила на покривот од зградата број 53  на улицата Јуриј Гагарин, и скокнала.

Снимките од безбедносните камери од зградата ќе покажат дали девојчето влегло само или имало придружба.

Според соседите, девојката најверојатно не е од нивната населба, бидејќи не го познаваат. Пред зградата бил најден и велосипед за кој допрва ќе се утврдува дали е на девојката.

Ова е трет случај на самоубиство во кулата во Козле.

По наредба на истражен судија нејзиното тело е однесено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип