Мизрахи: Наместо мнозинството да разбере и извлече поука од критиките на опозицијата, тоа се однесува како огорчена опозиција без слух

Од:

„Тешко е да се биде пратеник овде и сега во амбиент на целосно загубена толеранција каде нема веќе простор за политички ривалититет преку идеи и капацитет и каде е загубена линијата помеѓу непријателството и душманството. Полна уста говори за соживот со соседите господине Ковачевски а нема капацитет за соживот дома“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи на денешната собраниска седница.

Таа додаде дека мнозинството се однесува како огорчена опозиција.

„Наместо мнозинството да разбере и извлече поука од критиките на опозицијата, тоа се однесува како огорчена опозиција без слух. Јаваат на здивот на демонизацијата и персонификацијата на злото најстарата лекција во пропагандата. Кога не слушате не учите и не можете да ги најдете малите празнини во просторот кој се коректив за подобро делување“, кажа Мизрахи.

Мизрахи посочи дека Владата оддалечува од ЕУ со реториката дека ќе не внесе во ЕУ.

„Тешко е да се влезе во Влада која те оддалечува од Европската Унија со реториката дека токму оваа Влада ќе ја внесе во Европската Унија. За тоа дека од внатре Алијанса на Албанците ќе влијае подобро и дека ќе ја поставите својата програма колеги од Алијанса на Албанците тоа нема да е така“, изјави Мизрахи.

Таа посочи дека Алијанса за Албанците греши дека ќе може да влијае на мнозинството затоа што мнозинство е онаа олигархија која Алијанса велеше дека ќе се бори против неа и коруптивните ликови и криминалци.

Мизрахи е децидна дека кандидатот на Aлијанса на Алабците за министер за правда има спорно минато и ништо така лесно не може да сокријат од јавноста.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски