Мизрахи и Шкријељ се судрија околу директорите на центрите за социјални работи

Од:

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи преку денешниот обид за разрешување на неколку в.д. директори директно сака да ги партизира Центрите за социјални работи и предизборно да купува гласови за ВМРО-ДПМНЕ од најранливите, пишува на Фејсбук дополнителната заменик – министерка Санела Шкријељ.

Ова следува откако денеска Мизрахи рече дека поголем дел од Центрите за социјална работа под МТСП извесно време функционираат со вршители на должност наместо со директори.

„За жал, со изгласување на новиот владин состав, односно со именувањето на Рашела Мизрахи за министер во МТСП, како и на Санела Шкријељ како дополнителен заменик-министер, одреден дел од в.д. директорите создаваат дисфункција на системот со нивно отсуство, но и заради намерни пропусти и неизвршувањето на работните задачи. Зад сиот процес на создавање тешкотии во организацијата на севкупниот процес на работа, за жал, стои политичка мотивација на дел од в.д. директорите, но и евидентниот притисок од дополнителниот заменик-министер во МТСП“, рече Мизрахи.

На ова, Шкријељ одговара дека „единствена којашто го руши системот во Министерството за труд и социјална политика и работи спротивно на интересите на граѓаните е техничката министерка Мизрахи“.

„Како одговорно лице коешто работи во интерес на граѓаните нема да дозволам вработените во Центрите за социјални работи, корисниците на социјалните права и другите граѓани да бидат под партиски уцени, притисоци и манипулации. Одлика на оваа Влада е демократско владеење, почитување на граѓаните и воспоставениот систем“, пишува таа.

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади

(ВИДЕО) Битиќи и Шкријељ: Не е време за бојкот или молк, туку за глас со кој ќе ја замолчиме националистичката реторика

Катерина Ѓуровски

Шкријељ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

(ВИДЕО) Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Горан Наумовски

Стоилковски: Дали Филев, наркодилер, алкохолизиран насилник, е вратен за директор зашто и е потребен на Тренчевска за изборен поткуп