Мизо: Хотелот Славија не е продаден на Субрата Рој, сите контакти со „Сахара груп“ одат преку мене

Од:
Директорот на Агенцијата за индустриски и развојни зони, Виктор Мизо за А1 телефонски од Канада каде во моментов се наоѓа негира дека охридскиот хотел Славија е продаден на индискиот милијардер Субрата Рој и неговата Сахара груп. Беше изнанаден од ваквите информации објавени во медиумите во Македонија кои информациите ги добија на брифинг од директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар дека Славија е продаден.

„Сите контакти и комуникации со „Сахара груп“ одат преку мене и Агенцијата со која што јас раководам. Јас немам такви информации“ рече за А1, Мизо.

Тој рече дека до крајот на септември „Сахара груп“ треба да испрати план и програма за нивниот план за инвестирање во Македонија, конкретно во Охридско Преспанскиот регион и што понатаму.

И дел од менаџерите во хотелот Славија кои инсистираа на анонимност беа изненадени од вакавите информации. Рекоа дека прв пат слушаат оти хотелот со кој менаџираат е продаден или дека воопшто се продава. До нас како хотел до сега не е стигнато никакво писмо за намери, или некаков договор за купопродажба рекоа тие.

Неофицијално Индијците навистина биле заинтересирани да станат сопственици на хотелот Славија, но пробем како што дознаваме е хипотеката врз Славија која ја има Комерцијална банка. Најпрво велат треба да се плати хипотеката па дури потоа да се размислува за продажба на хотелот, чија вредост се проценува од 3,5 милиони евра па нагоре.

Низ Охрид кружат информации дека покрај за Славија, се воделе преговори и за купување на Хотелот Орце Николов кој сега е во сопственост на приватна компанија. .Хотелот е стар повеќе од пет децении.

Неофицијално при последната посета на Охрид,пред три недели Рој и претставници на „Сахара груп“ имале среда со дел од менаџерите и сопствениците на хотелите за кои се зборува дека ќе бидат купени, но и со преставници државните агенции.

Како што А1 објави пред неколку дена Индијците сакаат да купат хотел во Охрид, од каде би ги координирале сите активности поврзани со реализација на најавената инвестиција во овој регион.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид