Митровски: Повторно ќе заживее корзото во Ѓорче Петров

Од:

Кандидатот за градоначланик на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ Сокол Митревски денеска најави повторно заживувањето на препознатливото корзо во овој дел на Скопје.

– Оваа и следната година ќе работиме на доизградбата на Градскиот парк во Ѓорче Петров. Ќе го обновиме шеталиштето кое беше препознатлив имиџ во минатото. За овој простор планираме да распишеме конкурс за идејно решение со што значително ќе се збогатат содржините во паркот. Од раговорите со младите ни беше напоменато дека е потребно да се отворат кафулиња, ресторани и други забавни содржини за да заживее како во минатото овој дел. Рокот на реализација за овој проект е две години, изјави Митровски во Ренскиот парк каде што се одржата осмата априлијада за децата од основните училишта во Општината.

По повод осмата априлијада, најмладите денеска добија можност бесплатно да се забавуваат во забавниот парк Весела дружина, кој е во рамките на Реонскиот парк во општината.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?