Митровски најави нов пат за Стопански Двор

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ за Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска најави дека населбата Стопански Двор ќе добие нов пат, кој ќе ги спои руралниот дел со обиколницата во Ѓорче Петров и ќе биде еден од краковите за користење на индустриската зона.  Инвеститорите кои ќе дојдат во индустриската зона лоцирана кај Стопански Двор ќе ги имаат сите потребни услови за отпочнување бизнис.

– Во мојата програма, на овој потег се наоѓа индустриската зона од 136 хектари која ќе биде активирана годинава со изградба на пристапен пат. Предвидени се околу 126 локации за изградба на лесна незагадувачка индустрија. Ова ќе биде развојниот потенцијал за влез на странските инвеститори, истакна Митровски.

Со изградбата на оваа инфраструктура и пристапниот пат, како што рече, почетната цена за овој проект е 1 евро за метар квадратен, а досега во вкупно петте индустриски зони во општината купени се 46 локации.

Митровски најави дека со оглед на фактот што ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот, уште на првата седница ќе се донесе одлука со која сите инвеститори во индустриската зона во првата година ќе бидат 100 процентно ослободени од комуналиите. Инвеститорите во втората година ќе бидат ослободени 75 отсто од комуналиите, додека во третата година од инвестирање ослободувањето ќе биде 50 проценти.

– Ова ќе биде стимул за сите домашни и странски инвеститори да дојдат во индустриската зона и да го најдат својот простор, интерес и со тоа да се зголеми можноста за вработување на младите кадри од општина Ѓорче Петров, посочи Митровски.

Тој изрази надеж дека оваа година интензитетот на градбата ќе се зголеми и најави оти за три месеци ќе биде изградена и трафостаница во Стопански Двор за подобрување на напонот на електричната енергија.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ