Митровски најави дека целосно ќе се изгради канализациската мрежа во Волково

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска најави продолжување на рокот за уплаќање на средства за канализациската мрежа во скопско Волково.

Во изминатите четири години досега беа реализирани 80 отсто од реконструкцијата на канализациската мрежа во скопското село Волково.

Митровски најави дека до 2015 година целосно ќе биде реконструирана канализациската мрежа во руралниот дел на општина Ѓорче Петров. Со оглед на тоа што советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ го доби мнозинството во Советот на општината, доколку тој биде избран за градоначалник на првата седница на Советот ќе побара усвојување на предлогот за продолжување на рокот за уплаќање на средствата од референдумот од 2007 за уште 12 месеци.

Уплата досега извршиле 27,4 отсто од граѓаните. Досега се вложени над три милиони евра за изградба на канализациска мрежа во Волково. Општината исто така вложи и во изградба на нови 40 километри водоводна мрежа во руралниот дел.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?