Митрополитот Тимотеј преживеа срцев удар

Од:

Надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската епархија и портпарол на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, митрополитот г. Тимотеј, доживеал срцев удар на вчерашната синодска седница и веднаш бил пренесен во болницата „Систина“.

По направените лекарски проверки тој бил пуштен од болница.

Митрополитот Тимотеј во телефонска изјава за Утрински весник ја потврдил веста и рекол дека се чувствува добро.

– Сега сум добро! Ми се слоши на седницата, имав напад. Ќе продолжам и со други испитувања, изјавил владиката Тимотеј.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите