Митрополитот Повардарски г. Агатангел се оградува од соопштението на Синодот на МПЦ-ОА

Од:

Во пишана реакција митрополитот Повардарски Г. Агатангел се оградува од соопштението на Светиот синод на МПЦ-ОА по повод одлуката и решението на Светиот синод на БПЦ.

– Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА не заседавал по ова прашање. Јас како еден од владиците не сум запознат за тоа кој ја соопшти оваа вест дека нашиот Синод и благодари на БПЦ за нивната одлука и решение дека тие ќе формирале комисија за преговори со другите помесни православни цркви за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, стои во реакцијата на митрополитот Агатангел.

Тој смета дека формирањето комисија може да го одложува до недоглед решавањето на нашиот црковен статус.

– По нашето писмо кое го доставивме до БПЦ, а кое не беше едногласно прифатено од Светиот Синод на МПЦ-ОА како краен резултат еве денес што добивме како решение. БПЦ сега се претставува и прифаќа да биде мајка – црква, без притоа да има било каква обврска кон нашиот автокефален статус, што е уште една навреда кон МПЦ-ОА, кон македонскиот народ, кон македонската нација, стои во пишаната реакција од митрополитот Агатангел

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата