Митрески: Оваа седница е шанса да им помогнеме на граѓаните и компаниите, заедно да ги донесеме законите за петтиот пакет мерки

Од:

Граѓаните, фирмите, навистина имаат сериозен проблем и ние како Собрание имаме обврска, час поскоро, ден поскоро да им излеземе в пресрет во оваа светска здравствена, а очигледно и економска криза, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, денеска од собраниската говорница.

„Три дена опозицијата покажува наводна загриженост, а денеска овде во Собранието, да каже дека поважни им се пратеничките прашања покажува дека поважни им се пратеничките прашања, отколку помошта за граѓаните. Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку статус на Фејсбук повика денеска да се одржи седницата за законите за петтиот пакет мерки, на кој ќе учествуваат и пратениците од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му кажале дека денеска има пратенички прашања. Еве денеска, кога има пратенички прашања пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат да не се одржи седница на која ќе се донесат овие закони, за што поскоро да им помогнеме на граѓаните и на компаниите“, посочи Митрески.

Митрески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше деструктивно и кога се носеше Буџетот за 2021 година и правеше се тој да не биде донесен, а државата да мора да функционира преку времено финансирање.

„Оваа ваша наводна грижа за граѓаните, ќе беше вистинска, ако не излеговте и не ја напуштивте седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година. Тогаш, од надвор броевте дали има мнозинство на пратеници и ако нема, Буџетот да не биде донесен, за да имаме држава со времено финансирање. Времено финансирање значи само исплата на плати, времено финансирање значи дека нема помош за граѓани и компании кои се погодени од кризата. Тогаш избегавте од салата за да направите криза“, порача Митрески.

Митрески посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа се докажало и со гласањето на доверба на Владата.

„Болката за мнозинството и тоа довикување „Готови сте“ може да си го кажувате по штабовите за да го храбрите членството. Имаше гласање за доверба на Влада и се пребоивме и видовме. Тогаш ја напуштивте салата и беше и страв да влезете внатре“ додаде Митрески.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска