Митрески: Од изборот на граѓаните зависи иднината на државата

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата.

„Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава имаме капацитет да организираме фер и демократски избори, според европски стандарди и правила“, нагласи претседателот Митрески.

Тој очекува дека денеска ќе има масовен одзив од граѓаните, бидејќи од нивниот избор зависи иднината на државата.

„Гласањето е врвно демократско право и верувам дека најголем број граѓани ќе го искористат“, порача Митрески.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

(ВИДЕО) Гаши: Во идната влада, „Влен“ е гаранција за уставните измени