Митрески: Обезбедивме 200 милиони евра годишно за земјоделците и 50% поддршка за зелената нафта

Од:

Кандидатот за пратеник и ко-носител на листа во изборна единица 5 – Јован Митрески денес оствари повеќе средби со граѓани во својата изборна единица .

При средбите Митрески разговараше со локалното население во Мешеишта тој ја презентираше изборната програма на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Дополнително тој истакна дека во овој претежно земјоделски регион од екстремна важност е поддршката која изминативе три години владата ја даде за земјоделците.

За две и пол години исплатени се 314,5 милиони денари субвенции за земјоделците. Обезбедивме 200 милиони евра годишно за земјоделците и 50% поддршка за зелената нафта. Поддршка со финансиска помош до 10.000 евра за Млад земјоделец. Ќе продолжиме и понатаму со највисока стапка и неселективно доделувањe на субвенции за земјоделците, истакна Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети