Митрески: Денешниот ден е најава за уште една победа на СДСМ и Зоран Заев

Од:

Стравот кај ВМРО-ДПМНЕ е преголем и јавно го покажувате. Не можете да се помирите дека Зоран Заев е претседател на СДСМ и ќе не води до нова победа. ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја научи лекцијата од изминативе години. Со лаги и измилици не може да го манипулира народот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието,

Јован Митрески во денешното обраќање на седницата во Собранието.

– Македонските граѓани не се наивни. Тие знаат со кого си имаа работа 11 години, и затоа се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директни извршители на наредбите на Груевски.За ВМРО-ДПМНЕ не е важно нити правото нити правдата, туку заштита на криминалот и на партиските интереси, додаде Митрески.

– Денешниот ден е најава за тоа што ќе се случува, најава за уште една победа на коалицијата предводена од СДСМ и Зоран Заев, најава за иднината на држава, најава дека ќе се движиме напред и ќе бидеме европска држава, нема да се вратиме назад кон темното минато кое вие го нудите, заклучи Митрески

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик