Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

Од:

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески од име на пратениците и од негово лично име упати честитки до работниците, до синдикатите и до сите граѓани на државава по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, соопшти собраниската прес-служба.

– Денешниот датум е уште една можност да се потсетиме дека почитувањето и соодветното вреднување на трудот на работникот е темелот на изградбата на рамноправно, економски просперитетно и социјално праведно општество. Тоа се премисите до кои треба да се придржуваме секојдневно, креирајќи и реализирајќи политики кои обезбедуваат поддршка на домашните претпријатија, привлекување странски инвестиции, отворање нови работни места, раст на платите. И кои им овозможуваат на граѓаните да се чувствуваат достоинствено, валоризирани и продуктивни на своите работни места, придонесувајќи на тој начин и за развојот на државата, напиша Митрески во честитката.

Тој потсети дека овој собраниски состав ги донесе измените на Законот за минимална плата, со кои се утврди методологија за постојан раст на платите и на стандардот на граѓаните, со што е постигнат значаен исчекор во унапредувањето на правата на работниците.

-Сепак, во оваа прилика, сакам да го изразам моето убедување дека борбата за работничките права не престанува никогаш и дека, независно од моменталните политички или економски прилики, секогаш е неопходно да се развива социјалниот дијалог на различни нивоа, меѓу работниците, синдикатите, работодавачите, стопанските комори и властите, истакнува Митрески.

Според него, постојаното унапредување на работничките права, на стандардот на работниците, на условите за работа, на безбедноста на работните места мора да биде приоритет за сите релевантни политички и општествени чинители.

-Тие фактори ги мотивираа работниците да ги вложат сите знаења и потенцијали во исполнувањето на своите работни обврски, чувствувајќи дека не се оставени сами на себе да го носат товарот на економските предизвици. Нека ни е честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Да продолжиме да бидеме трудољубиви, рамноправни, како и храбри и решителни во зачувувањето и унапредувањето на работничките права, напиша Митрески во честитката.

Би можело да ве интересира

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски