Митрески – Агелер: Функционално и ефикасно Собрание е во интерес на граѓаните и на државата

Од:

Неопходен е парламентарен дијалог меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата, тоа е клучно за ефикасна работа на Собранието, порачаа на денешната средба претседателот на Собранието Јован Митрески и амбасадорката на САД во земјава, Ангела Прајс Агелер.

Според Агелер, независно што во овој предизборен период функционира техничка Влада, во интерес на граѓаните е институциите да бидат ефикасни. Следува исклучително важен период за државата, поради што, напомена амбасадорката, многу е важно процесите да се одвиваат во согласност со предвидената динамика и постапка.

Претседателот Митрески истакна дека во наредниот период Собранието ќе работи интензивно, негова обврска е да ги процесуира предлозите што доаѓаат до Собранието, независно дали како предлагач е Владата или група пратеници. Тој нагласи дека прв пат после 16 години се одржуваат редовни парламентарни избори, што значи дека Собранието ќе работи до почетокот на изборната кампања за претседателските избори, односно до почетокот на април. Тоа остава, како што рече, доволно простор да заврши постапката за повеќе важни законски решенија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, двајцата соговорници на средбата се осврнаа на приоритетите на Собранието во периодот што следува, односно до почетокот на изборната кампања.

Амбасадорката Агелер му честиташе на претседателот Митрески за изборот на новата позиција и му посака успешно извршување на функцијата. Таа нагласи дека Република Северна Македонија во САД секогаш ќе има пријател и голем поддржувач.

Претседателот Митрески се заблагодари за континуираната поддршка што САД и ја дава на нашата земја како во однос на реформските процеси, така и во однос на нашиот евроинтеграциски пат кон полноправно членство во Европската Унија. Тој нагласи дека македонските граѓани особено го ценат стратешкото партнерство со САД, кое претставува столб за силната билатерална соработка меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Митрески: Од изборот на граѓаните зависи иднината на државата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме кон ЕУ или кон изолација и заробена држава

Горан Наумовски

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за регулирање на коефициентот за плата во јавните високообразовни установи

Митрески за продолжување на рокот на патните исправи: Меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон