Митинг на Коалицијата за промени и правда во Неготино

Од:

Нашата коалиција е победничка, според последните истражувања на јавното мислење, таа на 11 декември ќе има најмалку петнаесет  пратеници. Ова го истакна лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов и носител на листата на Коалицијата за промени и правда во Изборната единица еден, на митингот кој вчера во Неготино.

-Ветуваме дека ќе обезбедиме стабилност, услови за економски развој, услови за младите да креираат да работат овде, а не да заминуваат во странство. Тоа е нашата програма, подготвена од двеста експерти што почива на идеите на голем број граѓани, невладини организации и  експерти. Во економскиот дел на програмата предвидуваме за развој 800 милиони евра од буџетот на Република Македонија,  рече Трајанов, најавувајќи и програма за борба против корупцијата и криминалот.

koalicija-negotino-2

Нивната економска програма предвидува, како што рече, забрзан економски развој со изедначување на домашните и странски компании.

– Сакаме да ги поддржиме нашите домашни компани  што ќе отвараат фабрики,  производствени капацитети,  сакаме таму да се вработуваат млади способни кадри, рече лидерот на Демократскиот Сојуз.

Носителот на листа во четвртата изборна единица Слободан Богоевски, нагласи дека коалицијата се залага Македонија да биде  современа европска демократија. – Единаесетти  декември ќе значи крај на кризата и ќе означи почеток на една нова Македонија, рече Богоевски.

Пред присутните се обратија и Јове Кекеновски, претседател на ФРОДЕМ како носител на листата на оваа коалиција во втората изборна единица.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он