Митева: Власта ги урива преговарачките процеси со Бугарија, го става македонскиот народ во подредена положба

Од:

„Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја.

Дополнително, самиот Османи изјави дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти, повторувам ЗА СИТЕ аспекти бидејќи нашиот пристап бил дека или се е договорено или ништо не е договорено.

Османи потенцираше дека нема да го информира Собранието за секој договорен елемент, туку тоа да го направи на веќе завршени преговори и постигнат договор без согласност на македонската јавност. Секој ден имаме нови порази, секој ден власта молчи за скандалите дека македонски службеници работеле против интересите на Македонија.

Што правеа Османи и Ковачевски до сега, како им се случувале вакви скандали пред нивни очи без притоа да преземат било каков чекор кој би го спречило тоа? Кои се тие службеници на Османи кои работеле против договор и што презема владата за тоа?

Османи да одговори како дозволил негови вработени да работат на можна штета на државата, колкав период знаел за такви активности, а не преземал ништо?“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела