Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Од:

Владата на Македонија на денешната седница одлучи до Советот на јавни обвинители да испрати барање за разрешување на Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски.

– Како Влада сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница, беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија. Постапувајќи по заклучокот кој беше донесен на претходната владина седница со која го задолживме Министерството за правда да преземе активностите во однос на поведување на постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Министерство за правда го достави мислење во кое се нотирани следниве состојби: Како прво: нарушениот углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, затоа што чувањето на угледот на институцијата е должност која потекнува од Законот за јавно обвинителство, конкретно член 4 став 1. Понатаму, целокупната јавност во изминатиов период беше сведок на низа скандали, нарушена функционалност на ЈО, незаконски постапувања и корупција, неефикасност и повреда на принципите и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите. Ваквите состојби се комплетно спротивни на обврските кои произлегуваат од законските надлежности, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Овде не станува збор само за перцепција само на Владата, ова е констатирано од стручна јавност, констатирано е во извештаи кои имаат конкретни, мерливи и објективни показатели. Во оваа смисла, Владата цени дека придонесот од јавниот обвинител за овие состојби е значителен и е резултат на низа пропусти и повреди во неговото постапување и извршување на функцијата. Овие дејствија со кои се предизвикани тешки последици по функционирањето на јавното обвинителство со што е направено намерно и неоправдана крупна професионална грешка се правните аргументи со кои што ќе побараме разрешување на Јавниот обвинител пред истекот на мандатот. Дополнително како Влада цениме дека јавниот обвинител покрај правна одговорност, подлежи или би требало да подлежи и на поширока општествена одговорност, особено пред органот кој што го избрал, а пред се пред граѓаните чии интереси треба да ги штити. Согласно вака утврденото мислење, Владата го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител, кое пак Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители од каде согласно законските одредби потребно е да се добие мислење, рече Митева.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Мицкоски: Враќањето на довербата во правосудството е приоритет број еден

Горан Наумовски

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата