Митева: СДСМ со навреди кон работниците дека не заслужуваат покачување на плата го одби амандманот на ССМ

Од:

„СДСМ го одби амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари. Како и за се друго, така и овој пат СДСМ ги манипулира граѓаните. Нема слух за вистинските барања и потреби, нема иницијатива која го потврдува спротивното. Нема пари за работниците, но имаат пари за златен прибор, имаат пари за тендери, имаат за се само не за народот“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така, пратениците од СДСМ, преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица кои не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат.

Ова е вистинското лице на Ковачевски и СДСМ. Ова е нивното мислење за работниците покажано на дело, додека говорите им се полни со празни зборови дека тие секогаш биле на страната на работниците. Едно зборуваат, друго прават и не е изненадувачки затоа што се уште го користат заевизмот во неговата најлоша форма – кажувам, заборавам, негирам.

ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата.

Тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени особено во време на галопирачка инфлација и ценовни шокови кои патем оваа влада го создаде“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ