Митева: По извршени контроли решенија за привремена забрана за 10 правни субјекти, кафулиња и клубови

Од:

Изминативе денови се направени 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори. Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти, кафулиња и клубови по Законот за угостителска дејност. Ова се однесува во делот на прекршочна санкција и кај сите е различно, зависи од прекршокот. Тоа е утврдено во самиот записник, а некаде забраната е 10, 15, 20 или 30 дена, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева.

Утврдено е дека 15 правни субјекти од вкупно 23, кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимално-технички услови.

– Кај нив ќе бидат изречени две мерки. Прво решенија за забрана за вршење дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или таа им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана за вршење дејност, рече Митева во Владата.

Таа информира дека се издадени 59 прекршочни платни налози во износ од 522 690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност. Додаде дека тие други основи се однесуваат на непочитување на некои нормативни кои требало да бидат заверени кај градоначалникот, одобренија за тераси, неистакнат број на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) итн.

Митева најави дека во координација со МВР, ДПИ овие денови почнуваат со инспекциски надзори во објекти за организирање прослави и настани, со посебен акцент на утврдување минимално-технички услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителство.

Би можело да ве интересира

Митева: ДПИ вчера констатира дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови

А1он

Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите

А1он

Митева: Нема да коментираме изјави на лица кои изгубиле некој близок во трагедијата во Кочани

Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митева: Имаме рекорден прилив од странски директни инвестиции

Горан Наумовски