Митева: Оставка на Филипче, ја загрозува безбедноста на пациентите, видеото од операциона сала без протоколи е скандал

Од:

Во денови кога нижиме огромен број на новозаразени, во денови кога пациенти низ ходници очајно бараат да ја добијат својата здравствена заштита, кога сеуште немаме процес на масовна имунизација, кога имаме двоцифрени бројки на починати лица, кога пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, кога нема разрешница за ниеден случај против одговорните лица и кога во здравството се случува комплетен хаос, ние сведочиме уште еден скандал во низата – рече денеска на прес конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Која и гранка од здравството да сакаме да ја образложиме, од една во друга се нижат се поголеми и поголеми скандали. Министер за здравство и доктор по вокација го гледаме на видеа како се наоѓа во операциона сала, без притоа никаква заштита на него, прекршувајќи ги сите основни протоколи. Безбедноста на пациентот е еден од најважните приоритети, а за таа да биде на врвно ниво неопходно е да се почитуваат одредени медицински постапки и протоколи. „Primum non nocare“ – Да не се наштети. Треба да биде првата мисла на целиот медицински персонал. Зарем јас Филипче треба ова да го кажам на прес конференција? Зарем ти Филипче треба ова правило да го прекршиш“ – вели Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски