Митева: Ниска доверба во институциите, скоро 70% од испитаниците не и веруваат на оваа Влада

Од:

Ниската доверба во институциите е аларм за власта. Поразителни бројки, најниска доверба досега покажува последното истражување на јавното мислење во анкетата на Евротинк. Граѓаните покажале дека најмалку веруваат во судството и во институциите коишто се на првата линија за справување со корупцијата и криминалот. Во Обвинителството само 7%, а во Судството 6%. И ваквите бројки не се само перцепција, зад овие резултати се кријат конкретни индикатори и состојби за кои директно е виновна власта на СДС и ДУИ рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Да потсетиме на скандалозниот избор за првиот човек на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предлагање на политички кадри за членови на уставниот суд, именување на несоодветни кадри и партиски членови за претседатели на судски совет, изјави за постоење на политички притисоци врз членови на судски совет, безброј нерешени судски случаи, уште илјада други конструирани и политички мотивирани процеси и најстрашно, криминал и корупција во првите редови на оние кои треба да обезбедат владеење на правото. Ова се конкретни примери кои се резултат на политичките интереси на власта комплетно да го партизира судството и обвинителството. На прашањето „Што мислите како институциите ја водат борбата со корупцијата?“ – 71% сметаат дека институциите потполно лошо ја водат борбата. Фрапира фактот што испитаниците имаат негативно мислење и за Државната комисија за спречување и борба против корупцијата каде 70% велат дека воопшто немаат доверба во оваа институција. Со само 1% пониска недоверба од ДКСК е Владата, со 69% од испитаниците кои велат дека воопшто не и веруваат на оваа Влада вели Митева.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски