Митева: Неодговорното работење на градоначалниците на СДСМ е минато

Од:

„Раководењето со локалната самоуправа од страна на градоначалниците на СДСМ било спротивно на закон во многу сегменти. Во Гази Баба, склучувани се договори на дело со лица кои не оделе на работа, а примале плата. Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело, во периодот од 04.01.2021 година до 21.09.2021 година се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа. Од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори, што е спротивно на Член 8а од Изборниот законик“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на ова склучен е и договор со едно лице за консултански услуги за време на изборната кампања и тоа, на 13.10.2021 година бил склучен договор со едно лице за консултански услуги од областа на легализацијата на дивоградби.

Дополнително, во ревизорскиот извештај во Гази Баба направен во период од 14.01.2021 до 23.04.2021 година дадено е мислење со резерва за реалноста и објективноста на прикажаните состојби во финансиските извештаи и со тоа е констатирано дека не се почитуваат законите и прописите.

Почитувани граѓани, заврши времето на неспособноста и криминалотт на власта на СДСМ во нашите општини. СДСМ четири години ги потроши за несовесно работење.

Почнаа промените, веќе со сериозна динамика се реализираат проекти од страна на градоначалници предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Промените и новиот пристап на работа кој го нудат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ веќе може да се види. На тој пристап народот му даде доверба на последните избори и тоа е наша обврска“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање