Митева: Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Ново Село Звонко Ангелов вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка

Од:

„Во општина Ново Село, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Звонко Ангелов вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка. Нападите врз жените од страна на СДСМ не се новина во политиката. Во текот на вчерашниот ден медиумите објавија информации за ова брутално злоупотребување на службената должност од страна на Звонко Ангелов кој како вработен во центарот за социјални работи во Струмица го извршил ова дело. Според нашите информации, тој вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка дека ќе и’ го одземе детето. Жестокиот притисок и уцените се одвивале во текот на неколку недели, а причините за тоа се најверојатно одбивањето на жртвата да ги користи каналите за правна помош кои и’ ги посочил Ангелов“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во текот на предизборната кампања бевме сведоци на повеќе напади врз жените како кандидатки за градоначалнички од страна на СДСМ. Насилството, говор на омраза, сексизам и мизогинија беа употребувани од страна на СДСМ. Никој во раководството на СДСМ, ниту пак Форум на жени не се огради и не го осуди таквиот срамен чин на однесување. Да не го заборавиме и срамното покажување на лакти од страна на Заев и повторно никој од СДСМ не собра храброст да се извини. Очигледно од Заев можат да земат само лоши примери.

Како ВМРО-ДПМНЕ ги охрабруваме жените да зборуваат за секој вид на насилство со кое се соочуваат. Јавно се спротивставуваме на ваквиот начин на третирање на жените во политиката и порачуваме дека за вакви луѓе нема место во политиката по 31 октомври. Затоа граѓаните на Ново Село го победија кандидатот на СДСМ во првиот круг и затоа истиот уште еднаш ќе биде поразен и во вториот круг“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот